ВИДЕО: Имаа 3-0 и пенал во 83. минута да решат сè, но се случи чудо над чудата!

Во Рио де Жанеиро се одигра нереален натпревар во дерби дуелот од 31. коло на бразилската Серија А помеѓу Ботафого и Палмеирас, откако на крај гостите победија со резултат 3-4, со неверојатен пресврт во самиот финиш.

Ботафого доживеа неверојатен пораз на домашен терен од Палмеирас и го врати гостинот во трка за бразилската титула, иако до пред неколку кола се чинеше дека апсолутно ништо нема да го спречи тимот од Рио де Жанеиро на патот до трофејот по 28 години чекање.

Големата бодовна предност се стопи по низата лоши резултати, но она што се случи синоќа е нешто што не се гледа често во светот на фудбалот, особено не на големите дерби средби.

Ботафого фуриозно влезе во натпреварот и почна да ја тресе противничата мрежа. Така, во самиот финиш се влезе со предност на домаќинот од 3-0, а во 83. минута Ботафого доби и најстрога казна за 4-0, но Соареш не го реализира пеналот и се чини тоа како да им даде крилја на гостите. Така „зелените“, предводено од Ендрик (автор на два гола) до крајот на натпреварот постигнаа ЧЕТИРИ гола и го режираа еден од најлудите пресврти во историјата на фудбалот (3-4).