Има само 17 години, а на последниот меч го пратеа 122 скаути!

Во Шведска има нов фудбалски „бисер“ кој се очекува да стане голема фудбалска ѕвезда. Се работи за 17-годишниот фудбалер кој ги брани боите на АИК, Александер Исак.

Младиот фудбалер кој е роден на 21 септември, 1999 година игра одлично и веќе е мета на многу клубови. Во дресот на АИК игра фантастично, а многумина го споредуваат со Златан Ибрахимовиќ. Оваа сезона тој постигна 9 гола на 21 меч, а наводно, веќе го пратат еден куп скаути.

Екипата на АИК минатата недела соопшти дека на еден меч Исак го следеле дури 90 скаути, но на последниот натпревар бројот драстично се зголемил, па на трибините биле 122 скаути од различни клубови. Исак најмногу се поврзува со трансфер во англиската Премиер лига, поточно во редовите на Челси.