• Зоран Мишевски

Фудбалски Прилеп е на нозе и не се помирува со веста дека Победа ќе згасне и ќе престане да се натпреварува во Втората лига. По соопштението на клубот за блокирана сметка и очајна финансиска ситуација, поради што сениорската екипа не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората лига, се јави реакција на голем број фудбалски приврзаници. Имено, се најавува спас во последен час, само Победа да ја доигра втората полусезона во Втората фудбалска лига.
Победа ќе пронајде играчки кадар, главно прилепски фудбалери кои се без ангажман и кои би потпишале за матичниот клуб, Прилепскиот клуб уште не доставил известување до Фудбалската федерација на Македонија дека се откажува од Втората лига, така што има право да учествува во натпреварувачкиот ранг и покрај претходното соопштение до јавноста.
Според првенствениот распоред првиот пролетен натпревар Победа го игра против Новаци вп Прилеп на 21 февруари.






