ВИДЕО: Има ли селективен ВАР на Мундијалот - простено му е исклучување на Роналдо?

Кристијано Роналдо потфрли во третиот натпревар на Светското првенство во Русија и одигра натпревар за заборав. Капитенот на европскиот првак, Португалија, промаши пенал, а за момент трепереше и за исклучување.

Во 81. минута од дуелот Иран - Португалкија, Роналдо со лакт отиде на Пуралигањи, а по прегледувањето на видео снимката, главниот судија Енрике Касерес од Парагвај му покажа жолт картон. Јавноста остана шокирана од дисциплинската мерка, бидејќи во вакви ситуации жолт картон е изненадувачка казна, бидејќи во случај на насилство и старт кој не е професионален прекршок, казната е директен црвен картон.  

Веднаш започнаа шпекулациите за селективниот ВАР, бидејќи претходно и Меси не доби никаква казна за клоцањето на Стриниќ, а Боатенг едвај беше исклучен по прегледувањето на видео снимката, иако прекршокот за втор жолт картон беше очигледен и мораше да го досуди и главниот судија.