ВИДЕО: Има ли јунаци кои може да го сопрат овој моќен Ливерпул?

Ливерпул на Јирген Клоп го одигра заостанатиот натпревар од Премиер лигата против Вест Хем и дојде до нови три бода (0-2) со кои ја зголеми разликата во однос на актуелниот првак Манчестер Сити.

  • Извештај од натпреварот:

Машината на Јирген Клоп продолжи да „меле“ во Премиер лигата и по 24 кола не знае за пораз. Гледајќи ги резултатите, се отвора прашањето дали некој може да го сопре овој моќен Ливерпул, кој ги прегази сите ривали и води дури 19 бода во однос на второпласираниот во англиската елита.

Мечот мина во тотална доминација на „црвените“. Резултатот се отвори во 35. минута кога Диоп беше невнимателен во шеснаесетникот и направи пенал, а одговорноста ја презема Мохамед Салах.

На стартот на второто полувреме Салах се претвори во асистент, кога го пронајде Окслејд-Чембрлејн, а тој ја смести топката зад грбот на Фабијански.

Ливерпул е апсолутен лидер и во наредното коло ќе биде домаќин на Саутемптон, додека Вест Хем е во незавидна ситуација и го чека тешка битка за опстанок.

Состави

Manuel Pellegrini

5-3-2

    Jurgen Klopp

    4-3-3