• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Илирид Адеми експресно пронајде нов клуб по заминувањето од Лачи.
26-годишното лево крило за следна станица ја одбра албанска Егнатија. Двете страни потпишаа договор во времетраење од половина година, па така Адеми ќе биде дел од овој клуб до јуни 2022 година.
Адеми последната сезона ја мина во дресот на Лачи од Албанија. Претходно, настапуваше и за Шкупи, Ренова, Македонија ЃП и Гостивар.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.