ВИДЕО: Илијоски со ЕВРОГОЛ од 25 метри го „стресе“ Пелистер!

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на ПМФЛ, Баже Илијоски продолжува со одличните игри во дресот на Шкупи и денес во Битола му донесе водство на својот тим од 0-1. 

Некогашниот пелистерец ја искуристи грешката на домашната одбрана и со еврогол од над 25 метри го матира младиот Дарко Атанасовски. 

Неколку минути подоцна чаирчани стигнаа до водство од 2-0, а мрежата на Пелистер ја затресе Омер Имери.

;