• Мартин Танасковски
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски ќе продолжи да го носи дресот на Славен Белупо, откако хрватскиот клуб одлучи да му го продолжи договорот.
Според информациите на хрватските медиуми, раководството на клубот истовремено го решило и статусот на Љубан Црепуља, кој исто така останува дел од тимот и во наредниот период. Овој потег се смета за јасен сигнал дека Славен Белупо сака да задржи стабилно јадро во составот.
Несторовски ставил потпис на нов договор кој го обврзува со клубот до јуни 2027 година, со што ја продолжува својата соработка за уште една сезона.
Искусниот македонски интернационалец оваа сезона одигра 21 натпревар во сите конкуренции, при што постигна шест голови и запиша три асистенции.





