Илија Несторовски го одбил тимот на Силвио Берлускони

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски нема да менува средина и ќе остане во Удинезе.

За центарфорот постоеше интерес од Монца, инаку клуб на поранешниот газда на Милан, Силвио Берлускони, но нема да дојде до трансфер во тимот кој во новата сезона ќе игра во Серија Б. Популарниот Нестогол кажал дека нема намера да си замине од таборот на „зебрите“.

Прилепчанецот кој има 30 години пристигна во Удинезе од Палермо во 2019 година, а претходно настапуваше за Интер Запрешиќ, Металург, Жижков, Словачко и Победа. Ја чека новата сезона во Серија А, која стартува во средината на септември.

Удинезе обезбеди опстанок во калчото, а во новата сезона ќе се влезе со желба за подобар пласман во однос на лани.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.