Илија Несторовски две години во италијански Асколи

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски има нов клуб затоа што постигна договор со тимот на Асколи кој се натпреварува во Серија Б.

33-годишниот прилепчанец по разделбата со Удинезе беше во потрага на нов клуб. Со оглед на тоа што трансфер-прозорецот е пред затворање, мораше да реагира и да донесе одлука, а изборот падна на Асколи, тим кој понуди двегодишен договор.

Илија Несторовски веќе е во Асколи каде ги има медицинските прегледи, а се очекува во следните денови да следи и официјалното претставување во новиот клуб во Италија кој ја доби битката за неговиот потпис со Венеција.

Центарфорот беше во Удинезе од 2019 година, а претходно во Италија играше уште и за Палермо. Несторовски во кариерата беше дел и од Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.