Илиевски: Среќен сум за асистенцијата, но повеќе за победата!

Бојан Илиевски беше единствениот претставник на Првата македонска фудбалска лига во дресот на Македонија во септемврискиот прозорец. Бекот на Струга Трим Лум вечерва беше стартер против Лихтенштајн и ја запиша првата асистенција. 

„Секој натпревар си има своја тежина, среќен сум на асистенцијата, но повеќе за победата. Ова се многу важни три бода за нас. Одиме чекор по чекор, играме против Белгија во следното коло и ќе се потрудиме да останеме на првото место.

Ние живееме како семејство и секоја задача од селекторот се трудиме успешно да ја завршиме.  Горд сум што сум претставник на ПМФЛ во селекцијата. Во нашата лига има доста квалитетни играчи и само со напорна работа може да стигнат до ова место.

Секогаш кога се игра за Македонија е подруго отколку за клуб. Имаме поголем мотив“, рече бекот на Струга Трим Лум

Следен противник на нашата селекција е Белгија, натпревар кој се игра во октомври во Гент.