• Мартин Танасковски
Новото засилување на ЦСКА 1948, Марио Илиевски, за бугарските медиуми говореше за прв пат по неговиот трансфер во клубот. Тој сподели дека неговиот стил на игра наликува на оној на Роберт Левандовски.
„Многу сум горд што потпишав со ЦСКА. Со нетрпение очекувам да почнат натпреварите. Ова е мој втор престој во Бугарија. Се чувствувам многу добро овде, како дома. Имам четири натпревари на европските турнири со мојот поранешен тим Кишварда. Игравме против Каират Алмати и Молде. Одиграв четири натпревари. Мислам дека моето искуство во Европа многу ќе и помогне на ЦСКА“, изјави Илиевски и продолжи:
„Како капитен на македонската младинска репрезентација, секогаш имам за цел да бидам лидер на теренот и во соблекувалната. Сакам да им помогнам на помладите. Мој омилен фудбалер е Левандовски. Имаме сличен стил на игра и јас сакам да бидам како него“, заврши македонскиот фудбалер.
22-годишниот Илиевски играше за Кишварда од 2022 до 2024 година, а претходно настапуваше за Тиквеш, Септември Софија и Вардар Неготино.