Илиевски: Наумовски и Георгиев се спремни, нема да играме повеќе тест средби

Еден од фаворитите за промоција во ПМФЛ од источната група, штипска Брегалница нема да игра нови контролни средби до почетокот на Kуп-натпреварите. Штипјани одиграа дури четири контролни средби со прволигашки екипи и на сите задоволија. Покажаа дека имаат квалитети за најголеми дострели.

Tренерот Добинко Илиевски e задоволен од сработеното и покрај факторот жешко време, кој е голем ривал на сите македонски клубови деновиве. 

„Ние сме професионалци, подготвени сме да играме и тренираме под секакви временски услови. Настевски и Гуцов почнаа да играат пријателски средби, а на тренинзите се приклучија Наумовски и Георгиев. Поштедени се само од причина да не избрзаме со нивното враќање на теренот“, рече Добринко Илиевски.

Брегалница во првото коло од ВМФЛ-Иаток игра со Плачковица во Радовиш.