Илиевски именуван за нов тренер на Работнички!

Македонскиот фудбалски прволигаш, Работнички, го именува Милан Илиевски за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа во тандем со Баже Илијоски кој ќе биде негов прв асистент.

Двајцата од утре ја преземаат должноста и ќе го одржат првиот тренинг со тимот. Поранешните истакнати фудбалери на Работнички сега се враќаат во нова улога. Во стручниот штаб на Милан Илиевски ќе бидат и Теодор Терзиев како кондициски тренер и Филип Ивановски кој ќе продолжи да работи со голманите.

Милан Илиевски беше дел од стручниот штаб на Игор Ангеловски во репрезентацијата на Македонија која успеа да обезбеди пласман на Европското првенство 2020 година. Илиевски дебито на клупата ќе го има на натпреварот против Брегалница во Штип следниот викенд.