Илиевски: Имаме квалитетни фудбалери, но еве им шанса да се докажат

Утре во 18:00 часот во Тула, крај Москва, македонската У21 репрезентација ќе се сретне со соодветната селекција на Русија, која како апсолутен фаворит ќе влезе во дуелот. Селекторот на нашата У21 репрезетација, Добринко Илиевски го претстави натпреварот на официјалната средба со новинарите на стадионот во Тула. 

„Се работи за квалитетен противник, со кој ќе треба да се надигруваме. Во овие квалификации немаме никакви шанси, секој бод ни е драгоцен, тоа го знаат нашите репрезентативци. Ќе дадеме сè од себе да се претставиме во добро светло и се надевам ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи. Немаме шанси за висок пласман, меѓутоа нашата желба нема да биде помала. Се бориме за рејтинг на нашата репрезентација, затоа што од оваа генерација се очекува многу во наредниот циклус“, смета Илиевски.

Искусниот стручњак потоа се осврна на инвидуалниот квалитет на фудбалерите. 

„Имаме доста играчи кои настапуваат во странски клубови, тоа значи дека се работи за квалитетна генерација и квалитетни фудбалери. Меѓутоа, тоа се фудбалери кои сè уште го бараат своето место под сонцето во клубовите и уште не се докажани. Секој ваков натпревар за нив е шанса да докажување. Временските услови нема да ни сметаат. Се работи за прекрасен град, прекрасна држава и ние се чувствуваме многу добро“, заврши селекторот. 

По завршувањето на натпреварот, нашата делегација се враќа во Скопје и ќе го подготвува натпреварот со Гибралтар следната недела. 

Најнови вести од
У21 ЕУРО Кв., Интернационални Млади