ВИДЕО: Илиевски двоен стрелец, волеј-гол и асистенција на Николов за Кишварда

Македонските фудбалери Марко Илиевски и Бобан Николов имаа одлично попладне во дресот на унгарска Кишварда затоа што имаа свои голови и асистенции во убедливата победа над Ујпешт (4-0).

Илиевски беше двоен стрелец и асистент, а Николов еднаш погоди и еднаш асистира. Првиот гол на мечот го даде Илиевски, во 34. минута по асистенција на Николов. За вториот гол во 46. минута кој го постигна Навратил, асистира Илиевски.

Третиот гол во 53. минута беше дело на Илиевски по асистенција на Навратил, додека точка на победата стави Николов со атрактивен волеј-гол од пред шеснаесетникот додека се играше 68. минута од натпреварот.

Кишварда се бори за опстанок во ОТП лигата, а овие три бода беа од голема важност за клубот.