Илиев се збогува со Арсенал: Еднаш „топџија“, засекогаш „топџија“!

Дејан Илиев и официјално ја заврши својата авантура во Арсенал. Македонскиот голман на шест месеци пред истекот на соработката со англискиот гигант го раскина договорот и во иднина ќе има нов предизвик пред себе.

26-годишниот чувар на мрежата скоро девет години беше дел од семејството на „Емирати“, па затоа денес со објава на социјалните мрежи емотивно се збогува од сега веќе поранешниот клуб.

„Пред скоро десет години дојдов како дете, а сега си заминувам како маж. Ова е местото што го нарекувам дом, и тука се луѓето кои ги сметам за семејство. Им благодарам на сите во Арсенал за добиената шанса и за дадената поддршка. Ми беше чест да работам со најдобриот стручен штаб и со најдобрите соиграчи. Еднаш „топџија“, засекогаш „топчија“, напиша Илиев.

Илиев замина од Беласица во 2012 година. Неговата форма беше задоволувачка во младинските категории на англискиот гигант, што му донесе нов тригодишен договор во 2015 година. По неколку позајмици, Арсенал на крај одлучи да не му ја продолжи соработката. Последен клуб на Илиев беше Серед од Словачка.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк