• Горан Упале
Досегашната „единица“ на Сараево, Мухамед Шахиновиќ дефинитивно ќе го напушти клубот, а според информациите до кои дојде босанскиот мефиум „Sport1.ba“ веќе е пронајдена замена.
Нов голман на клубот од главниот босански град треба да биде Дејан Илиев, македонски голман кој моментално е член на финскиот ХЈК Хелсинки. Илиев најголемиот дел од кариерата го помина во Англија, каде што помина низ академијата на Арсенал. 28-годишниот голман поголемиот дел од времето го мина на позајмица, а лондонскиот клуб го напушти во 2022 година.
Неговиот последен ангажман беше во финскиот ХЈК, а последниот дел од сезоната го пропушти поради повреда на лактот.
Она што е исто така важно за тимот од Кошево е Илиев да не биде третиран како странец според сегашните прописи на НС/ФС на БиХ.
Со оглед на тоа што поранешниот првотимец Мухамед Шахиновиќ ќе стане нов член на полски Раков, „бордо тимот“ не мораше долго да чека за да најде замена.