Илиев потпиша со Рапид: Среќен сум, ќе дадам сè за овој тим!

Дејан Илиев го комплетира трансферот во редовите на Рапид Букурешт и потпиша договор со второпласираниот тим во романската елита. 

30-годишниот голман се раздели со УТА Арад и продолжува во редовите на Рапид. Со новиот клуб Илиев потпиша договор на година и половина, до крајот на сезоната 2026/27. По потписот тој ги сподели и првите импресии.

„Среќен сум што пристигнав во Рапид и подготвен сум да дадам сè за овој тим. Не можам да дочекам да ја почувствувам фантастичната атмосфера која ја креираат фановите. Напред Рапид!“, кратко прокоментира македонскиот голман. 

Кариерата на Илиев започна во Беласица, а потоа следуваше трансфер во младинските категории на Арсенал. Тој беше позајмуван во Серед, Јагјелонија и Шрузбери. Потоа настапуваше уште за Тренчин, ХЈК Хелсинки и Сараево пред да потпише со УТА.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.