Илиев го испрати Чех во пензија: Идолу, научив многу од тебе!

Илиев Чех

Македонскиот голман Дејан Илиев не успеа да ја подигне титулата во Лига Европа. Неговиот Арсенал со убедливи 4-1 загуби од Челзи и не ги израдува навивачите со европски трофеј.

Финалето беше последен меч за Петр Чех во дресот на „топџиите“. Искусниот голман подолго време беше ментор на нашиот интернационалец кој со емотивна порака на Фејсбук се збогува со него.

„Имав чест да соработувам со еден од најдобрите голмани кои сум ги гледал додека растев. Ти беше мојот идол на кој што секогаш се огледував! Можам да кажам дека научив многу од тебе во неколкуте години заедно од твоето искуство и одличен карактер. Честитки за постигнатото во кариерата, брате!

Ти посакувам се најдобро во иднина!“ , стоеше во пораката на 24-годишниот чувар на мрежата од Струмица.

Илиев и Чех ја делеа соблекувалната од 2015 година, па се до финалето во Баку.