Илиески се сели во Албанија, ќе игра за Билис Балш

Македонската колонија во Албанија е побогата за уште еден член. Дефанзивецот Дарко Илиески од денес е нов член на Билис Балш. 

Прилепчанецот се врати на Балканот, откако стана шампион со најпопуларната екипа во Таџикистан, Истигол Душанбе. Иако имаше понуди од ПМФЛ, дефанзивецот се одлучи да ја прифати понудата од нашето соседство.

Илиески по настапите во Таџикистан, за Копер во Словенија и Ширак во Ерменија ќе се испроба во уште едно национално првенство. Низ кариерата тој беше дел и од Струга, Пелистер, Борец, Тиквеш, Победа, Металург и 11 Октомври.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.