Илиески раскина со Фљамуртари и зимава се враќа во ПМФЛ

Зимскиот преоден рок не започнал, а веќе се прават првите комбинации, преговори и зделки во мак-фудбалот. Скоро сигурно нашите клубови ќе почнат битка за дефанзивецот Антонио Илиески, кој раскрсти со еден од најдобрите албански клубови.

27-годишникот пак е слободен агент, откако го напушти албански Фљамуртари. Одбранбениот фудбалер, кој во нашата земја играш за Ренова, Тиквеш, Гостивар, Македонија Ѓорче Петров, Еуромилк и Кораб, спогодбено го раскина договорот со клубот од Албанија.

Илиески настапуваше за Фљамуртари само неколку месеци, а претходно го носеше и дресот на Кукеши.

Многу веројатно Илиески ќе се врати во ПМФЛ и ќе потпише за некој од македонските амбициозни клубови.