• Редакција Gol.mk
Откако ги исполнија целите за оваа сезона, албанскиот прволигаш Билис Балш и дефанзивецот Дарко Илиeски седнаа на маса да преговараат за нов договор. Иако клубот од нашето соседство инсистираше на соработка од уште една сезона, прилепчанецот веројатно ќе се врати во мак-фудбалот.
Илиески е искусен одбранбен фудбалер и одиграл многу натпревари за бодови во ПМФЛ. Дефанзивецот се врати на Балканот, откако стана шампион со најпопуларната екипа во Таџикистан, Истигол Душанбе.
Илиески по настапите во Таџикистан, за Копер во Словенија и Ширак во Ерменија ќе се испроба во уште едно национално првенство. Низ кариерата тој беше дел и од Струга, Пелистер, Борец, Тиквеш, Победа, Металург и 11 Октомври.