ВИДЕО: Иличиќ „прсна“ во плач на едноминутното молчење во чест на Астори

Во претпоследнито натпревар од 26. коло на Серија А, Аталанта ја победи Фиорентина со 3-1. Во 13. минута, мечот беше прекинат во чест на Астори, чија едногодишнина од трагичната смрт се одбележува деновиве.

Неговиот поранешен соиграч од Фиорентина, Јосип Иличиќ беше најемотивен и во солзи го дочека едноминутното молчење и аплаузите од трибините.

Аталанта со овие три бода скокна на седмото место на табелата со 41 поен, а се наоѓа блиску и до финалето на Купот на Италија, откако во првото полуфинале, токму со Фиорентина, одигра 3-3 во Фиренца.