Иличиќ е во депресија, нема да игра во ЛШ – еве ја причината

Аталанта ќе мора да се помири дека на завршницата во Лигата на шампионите ќе го нема најдобриот играч Јосип Иличиќ, а италијанските медиуми почнаа со шпекулации околу тоа што се случува со офанзивецот.

Еден од најдобрите стрелци во таборот на „божицата“ се врати во Словенија поради лични проблеми. Клубот соопшти дека се работи за повреда, но, новинарите од „чизмата“ сметаат дека овој случај има заднина.

Наводно, фудбалерот е во депресија поради ковид-19 и ситуацијата која настана во Бергамо, град кој беше главно жариште во Италија. Поради тоа фудбалерот решил да замине дома во Словенија и да биде со семејството додека минува низ тешкиот период. 

Иличиќ во досегашниот дел од сезоната одигра 34 меча за Аталанта и постигна 21 погодок.