Илчо Наумоски ги донесе Австријците во Кичево, па се сретна со старите пријатели

Поранешниот македонски репрезентативец, Илчо Наумоски, гостуваше со својот тим Фаворитнер во Кичево, каде одиграа пријателски натпревар со екипата на Македонија ЃП кој заврши со конечен резултат 1-1. 

Домаќините беа почестени со присуството на австрискиот тим и нашиот Наумоски, а со овој меч Напредок става до знаење дека фудбалот во Кичево повторно заживува и дава дополнителен мотив за понатамошните предизвици. 

Екс-репрезентативните колеги го искористија натпреварот за дружење и разменија мислења околу актуелната ситуација во македонскиот фудбал. Наумоски се сретна со Александар Бајевски, Бобан Грнчаров и Жарко Симјаноски. 

Наумоски и неговиот тим на 13 јули ќе одиграат уште една пријателска средба, овој пат во Прилеп, каде за противник ќе ја имаат екипата на Брера од Струмица. Мечот ќе се одржи на стадионот „Гоце Делчев', а почетокот е закажан за 17:30 часот.