ВИДЕО: Иконата на Баерн Минхен по седумнаесет сезони кажа збогум!

Томас Милер, иконата на Баерн Минхен и еден од најуспешните германски фудбалери и официјално се прости од фановите на Баерн Минхен, во клубот каде што ја помина целата своја кариера - од десетгодишна возраст.

Искусниот напаѓач и баварскиот гигант не се договорија за нова соработка, па по седумнаесет сезони како првотимец, Милер нема повеќе да го носи дресот на германскиот шампион. За него може да се кажат само пофални зборови, а иако не е природен стрелец, неговиот инстинкт му помогна на тимот од Минхен да освои сè со него на теренот.

Милер по денешниот пораз од ПСЖ во четвртфиналето од Светското клупско првенство се поздрави со фановите на Баерн Минхен и наскоро се очекува да ја донесе одлуката каде ќе ја продолжи кариерата. 

Во 743 настапи за Баерн како напаѓач, тој постигна 247 гола и асистираше за уште 273. Во седумнаесетте сезони со баварскиот клуб го освои секој можен трофеј, вклучувајќи дванаесет титули во германскиот шампионат, шест домашни купови и две титули во Лигата на шампионите.

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Винсент Компани

    4-2-3-1