ВИДЕО: Икарди не престанува со голови, ПСЖ се одлепи на +11

Лидерот во Лига 1, ПСЖ, ја зголеми предноста на табелата со денешната домашна победа против Лил (2-0) во рамки од 14. коло.

Томас Тухел и неговиот тим постигнаа два гола во првиот дел и се задоволија, па во продолжението не притискаа за голеада. Домашните фудбалери беа задоволни од одиграното, внимателно ја чуваа предноста и стигнаа до нов триумф на „Паркот на принцевите“.

  • Извештај од натпреварот: 

Мауро Икарди продолжи да го убедува раководството на францускиот првак и ја продолжи голгетерската серија. Аргентинецот се најде на вистинското место и го следеше центаршутот на Идриса Гај, за негова шеста реализација сезонава.

По половина час игра се беше готово, кога Анхел ди Марија успешно пласираше, на асистенција на Јулиан Дракслер, и ги постави конечните 2-0. Лошо издание имаше Нејмар кој се врати на терените, но одигра еден од полошите натпревари оваа година.

Во пресрет на натпреварите на најблиските ривали, екипата од Париз изгради позитива од +11. Никој не очекува ПСЖ да има проблеми да ја одбрани титулата во домашното првенство, но навивачите сепак преферираат успех во Лигата на шампионите.