Икарди им објасни на фановите зошто користи маска за помош во дишењето

Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди ги загрижи фановите, откако на својот Инстаграм профил објави фотографија со респираторна маска, по што започна лавина шпекулации околу неговото здравје. 

Сепак, Аргентинецот ја објасни ситуацијата и потврди дека со него е сè во ред, па појасни за што станува збор: 

„За сите што ме прашавте, ова е хипербарна комора која ја имам дома. Ја користам за да спречам повреди и побрзо да се рехабилитирам по натпреварите и тренинзите. Тоа го правам вдишувајќи чист кислород, кој е трипати посилен од обичниот“, напиша Икарди. 

Претходно ваква фотографија имаше објавено и бразилската ѕвезда Нејмар, па очигледно се работи за совет од лекарскиот тим на ПСЖ, со цел да се зачува здравјето на играчите.