Икарди го напушти тренинг кампот на Интер и нема да патува на турнејата во Азија

Мауро Икарди

Екипата на Интер потврди дека Мауро Икарди го напушти тренинг кампот на екипата. Аргентинскиот напаѓач подолго време е во војна со клубот и нема да патува на турнејата во Азија ова лето.

На Твитер беше потврдено дека одлуката е донесена по долг разговор меѓу фудбалерот и претставници на „неразурите“.

Пред само неколку дена, спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота, изјави дека Икарди и Наинголан не се во идните планови на екипата.

Јувентус е местото каде што сака Икарди да ја продолжи кариерата. Останува да видиме дали тимот од Милано ќе го пушти во лутиот ривал.