ВИДЕО: Икарди е полн погодок - нов аргентински блесок за тешка победа на ПСЖ

По поразот од Дижон во претходното коло, првакот на Франција, ПСЖ им се врати на победите, откако во финишот го скрши Брест и со победа од 1-2 (0-1) ја отвори саботната програма од 13. коло на Лига 1. 

Како и многу често оваа сезона пак најдобар поединец на „светците“ од главниот град беше Анхел Ди Марија, a човек на одлука неговиот сонародник Мауро Икарди. Се играше 39. минута кога Јулијан Дракслер со една прекрасна длабинска топка го извади Ди Марија очи в очи со домашниот голман Ларсонер, а овој со префинет лоб го матира за водство на екипата на Томас Тухел. 

  • Брест - ПСЖ 1-2: 

Нападот на ПСЖ без Мбапе и Нејмар не делуваше убитачно и тоа максимално го искористија домаќините, кои иако немаа премногу зрели шанси, израмнија во 72. минута. Самуел Грандсир на додавање на Корд го матира Кејлор Навас и израмни на 1-1. На зачетокот од акцијата грубо погреши капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва.

Иако имаа неколку мешаници пред Ларсонер, а во 85. минута снаодливиот Икарди се најде на вистинско место во вистинско време и ја продолжи својата серија на голови, пак одлучувачки за триумф на првакот на Франција. 

Во првиот натпревар од 13. коло, вчера Ница и Бордо играа без победник. Поведоа домаќините преку Леес Меланд, а израмни Џими Брианд.

  • Ница - Бордо 1-1: