ВИДЕО: Ихеaначо го однесе Лестер во осминафиналето на ФА Купот

Екипата на Лестер Сити патува во осминафиналната фаза од ФА Купот, затоа што дојде до победа (0-1) како фаворит во дуелот против Брентфорд.

  • Извештај од натпреварот:

Премиерлигашот ја оправда улогата на терен, а до посакуваниот резултат дојде благодарение на еден погодок во првото полувреме. Човек на одлука на натпреварот на „лисиците“ беше Келечи Ихеaначо, кој во 4. минута доби топка од Џастин во казнениот простор и лесно реализираше.

Во наредниот дел од мечот Лестер имаше уште неколку сериозни шанси, ама не ги искористи. Греј и Ихеaначо имаа две прилики во 14. и 15. минута, арно ама шутевите завршија крај голот, а потоа се закани и Брентфорд, но немаше реализација. Пет минути пред крајот на мечот Брентфорд преку Мбеумо ја стресе мрежата на Вард, но голот беше поништен поради офсајд.

Покрај Лестер Сити во наредната фаза на ФА Купот е уште Шефилд Венсдеј кој беше подобар од Квинс Парк Ренџерс (1-2).

Состави

Thomas Frank

4-3-3

    Brendan Rodgers

    4-2-3-1