Игуаин: Ривер ми даде сè, размислувам да се вратам и таму да се пензионирам

Иднината на Гонзало Игуаин во Јувентус и не е така сигурна. Иако Маурицио Сари е голем фан на Аргентинецот, сепак неговите години ќе го натераат тимот од Торино да размисли за разделба. Тој веќе беше на трансфер листата по неуспешните позајмици во Челзи и Милан, но Сари реши да му даде шанса. 

Договорот на Игуаин истекува во јуни 2021 година, а интерес за него прикажа тимот каде што ја започна кариерата, Ривер Плата. Ваквите наводи ги потврди и самиот фудбалер, кој призна дека Ривер останал во неговото срце. 

„Ривер е клуб кој ми даде сè, таму станав играч кој успеа да се пробие до Реал Мадрид. Што ќе се случи околу целата приказна за враќањето не знам, но мојата глава е во Торино. 

Тимот на Гаљардо е возбудлив, има квалитет и сила, има сè. Логично е дека некој кој претходно играл за Ривер, повторно би се видел себе си таму. Размислувам за тоа да се вратам и таму да се пензионирам“, изјави Игуаин. 

Аргентнискиот напаѓач го носеше дресот на Ривер од 2005 до 2007 година, кога беше откупен од Реал Мадрид, па од клубот се отворени да го вратат во своите редови. Со сигурност ниту Јувентус не би имал против заминување на Гонзало уште ова лето, па дури е можен и договор со аргентинскиот тим. „Старата дама“ лесно би се откажала од својот напаѓач, но за возврат од Ривер би побарале доколку во иднина се појави талентиран играч за кој ќе има голем интерес, Јуве да биде во предност.