Игуаин расчисти со Јувентус и дојде во тимот на Бекам!

Гонзало Игуаин повеќе не е играч на Јувентус и како слободен агент ќе може да бара нов тим.

Аргентинецот ги доби сите финансиски барања и двете страни спогодбено го раскинаа договорот. Игуаин како компензација доби четири милиони евра, па веднаш замина за САД да го официјализира новиот договор.

Популарниот „Пипита“ ќе игра за тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. На аеродромот тој беше пречекан од Хорхе Мас, еден од главните оперативци на тимот кој му посака добредојде. 

Соработката на Игуаин и Интер Мајами наскоро ќе биде официјализирана.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.