Игрите против Јувентус и Наполи пресудни за новиот договор на Пандев!?

Горан Пандев

Италијанската јавност, особено онаа блиска до Џенова, му се поклонува на Горан Пандев.

Македонскиот ветеран, кој игра одлично во последните неколку месеци, учествуваше во последните три гола на својата екипа во домашното првенство. 

Во големата победа против Јувентус, тој асистираше до Стефано Стураро, а потоа го докрајчи шампионот со свој погодок за конечни 2-0.

  • Гол на Пандев против Јувентус:

Нова егзибиција, 36-годишникот приреди на дуелот против својата поранешна екипа Наполи. Со магична асистенција му овозможи на Дарко Лазовиќ да обезбеди реми и голем бод во борбата за опстанок.

  • Асистенција на Пандев против Наполи:

Само неколку недели претходно, нашиот репрезентативен капитен беше далеку од нов договор. Сепак, управата на најстариот италијански клуб беше сведок на фантастична форма на напаѓачот во последните два големи натпревари, па сега неминовно е да му понуди нов едногодишен договор.

Пандев изјави дека сонува да ја однесе Македонија на Европското првенство, а за тоа да го направи ќе мора да да ја продолжи клупската кариера на уште една година. Тековниот договор со Џенова му истекува на 30 јуни и многу веројатно истиот ќе добие продолжение за дополнителни 12 месеци...