Играше за Шпанија на Мундијалот во Катар, а сега го засили Хајдук!

Хуго Гиљамон е најновото засилување на Хајдук, објави сплитскиот клуб. Фудбалерот од средниот ред ја напушти Валенсија ова лето, каде што порасна, и доби шанса во сениорскиот фудбал, но соработката со „лилјаците“ не ја продолжи.

Интересно е што Гиљамон во еден момент беше меѓу највредните играчи на Валенсија, играше брилијантно и доби покана за Светското првенство во Катар 2022 година, каде дресот на Шпанија го носеше на три натпревари.

Сепак, оттогаш неговата кариера бележи голем пад, што Хајдук го искористи и преку Иван Ракитиќ дојде до капитален потпис за две години. Заедно со него, Едгар Гонзалез пристигна на позајмица од Алмерија.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.