Играше за Рома и Интер, а сега ќе добие кривична бидејќи пијан навредуваше полицајци во Белград

Поранешниот српски репрезентативец, Адем Љајиќ, предизвикал голем скандал во хотелот „Холидеј Ин“, кој се наоѓа во населбата Нов Белград. 

Фудбалерот на Нови Пазар влегол во алкохолизирана состојба и побарал пијалок, но откако му било кажано дека работното време е завршено, вербално и физички го нападнал рецепциониерот во хотелот. Била повикана полицијата која се обидела да го смири фудбалерот, но тој продолжил да ги навредува и припадниците на безбедносните служби, по што бил приведен и задржан до раните утрински часови. 

Алко-тестот покажал дека Љајиќ имал 2,2 промили во крвта, а полицијата го задржала сѐ додека не се отрезнил. Потоа бил пуштен дома, но за него ќе следува кривична пријава за „спречување на службено лице во извршување дејствија“. Ова дело предвидува затворска казна од три месеци до две години, но се претпоставува дека ќе мине со условна и парична казна, затоа што нема никакви прекршоци во минатото.    

Адем Љајиќ имаше солидна кариера и настапуваше за Рома, Интер, Фиорентина, Торино, Бешикташ и Фатим Карамгурук, а во Нови Пазар пристигна минатата година. За репрезентацијата на Србија одигра вкупно 47 натпревари и постигна девет голови.