Играше за ПСЖ, Милан и Рома, а сега е пред потпис со третолигаш

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Рома и Милан, Жереми Менез е пред враќање во Италија. Сепак, доколку најавите се исполнат, тој нема да се врати во Серија А, туку ќе го засили сегашниот третолигаш Реџина. 

Неговата кариера по Милан е во слободен пад, бидејќи покрај неспорниот талент имаше бурен ноќен живот и тоа многу го чинеше. Менез преку Бордо, Анталијаспор и Америка стигна во втората француска лига каде играше за Париз. 

Доколку не се случи изненадување, играчот кој некогаш важеше за огромен талент ќе потпише договор со Реџина која пред прекинот на првенствата беше лидер во Серија Ц и се очекуваше дека ќе избори промоција.