• Мартин Танасковски
Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и Јувентус, Мехди Бенатија, е подготвен да ја преземе функцијата спортски директор на Милан, објави италијанскиот новинар Матео Морето на социјалните мрежи.
Во редовите на „росонерите“ се водат разговори за избор на нов спортски директор, а името на Бенатија е меѓу главните кандидати за оваа позиција. Клубот од Милано сè уште работи на пронаоѓање соодветно решение за функцијата.
По завршувањето на фудбалската кариера, 39-годишниот Бенатија започна да работи во Марсеј. Во периодот од 2023 до 2025 година беше советник на претседателот на францускиот клуб, по што ја презеде функцијата спортски директор, на која остана до крајот на сезоната 2025/26.
Последен спортски директор на Милан беше Игли Таре, кој се повлече од функцијата на крајот од минатата сезона. Сега останува да се види дали италијанскиот гигант ќе се одлучи за Бенатија како негов наследник.











