• Мартин Танасковски
Поранешниот стопер на Риека и Динамо Загеб, Емир Дилавер моментално се занимава со градежништво во Австрија. Ова го откри неговиот поранешен тренер Жељко Шопиќ во подкаст во Хрватска.
Дилавер, кој сега има 33 години, е без клуб од минатото лето кога му истече договорот со Риека. Клучниот момент за одлуката да престане со фудбалот беше повредата со која се здоби минатата сезона, кога скрши коска во стапалото и не успеа да заздрави.
Повредата му ја заврши играчката кариера и тој се посвети на друга работа и на семејството кое му недостигаше додека играше во Хрватска, изјави неговиот поранешен тренер и додаде дека често разговара со својот поранешен играч.
Дилавер за „сините“ на стоперската позиција одигра десет натпревари во Лигата на шампионите и исто толку натпревари во Лигата на Европа. Тој постигна еден гол и во Лига Европа.
Дилавер е роден во Томиславград во БиХ, но има австриско државјанство, а низ кариерата покрај за Динамо и Ријека играше и за Ризеспор, Лех, Ференцварош, Австрија Виена...