Играше со Партизан во ЛШ, а сега е приведен заради обид за убиство! 

Поранешниот српски фудбалер Никола Малбаша беше уапсен затоа што е осомничен дека сторил кривично дело - обид за убиство. Поранешниот член на репрезентацијата на Србија и Црна Гора, минатата среда се обиде да го убие Игор Нешковиќ.

Вечерта на 8 јули, Нешковиќ беше пронајден во својот автомобил во Земун со неколку убодни рани по телото. Крвавата пресметка се случи на улицата Башка поради нерешени сметки.

Патем, 43-годишниот Малбаша ја заврши кариерата во кинескиот Шандонг во 2008 година. Во сезоната 2003/04, Малбаша играше со Партизан во Лигата на шампионите, а во Белград пристигна од Хајдук Кула.