• Саше Љолес
Нотингем Форест ја засили одбраната со репрезентативецот на Брегот На Слоновата Коска, Усман Диоманде, кој пристигна од лисабонскиот Спортинг.
22-годишниот стопер потпиша четиригодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Финансиските детали не се објавени, но британските медиуми наведуваат дека трансферот вреди околу 34,3 милиони фунти.
Диоманде во Спортинг пристигна во 2023 година и одигра 132 натпревари, а беше дел од тимот кој освои две последователни титули во Португалија, како и Купот на Португалија во 2025 година.
„Усман е силен и доминантен дефанзивец кој доаѓа со победнички менталитет. Ги дели нашите амбиции и со нетрпение очекуваме да видиме што ќе ѝ донесе на екипата“, изјави спортскиот директор на Форест, Џорџ Сиријанос.
Нотингем Форест минатата сезона во Премиер лигата ја заврши на 16. место, а во новата сезона влегува со Оливер Гласнер како тренер.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





