Играше 16 минути против Македонија и си ја уништи репрезентативната кариера

Фудбалската федерација на Мароко и дефинитивно го загуби спорот со ФИФА и нема да може во своите редови да го донесе Мунир Ел Хадади, поради настап за Шпанија.

Некогашниот млад талент на Барселона настапи 16 минути за „фуријата“ на натпреварот против Македонија од квалификациите за ЕП 2016 и поради тоа нема право да игра за друга репрезентација. 

Ел Хадади е по потекло од Мароко, репрезентацијата и тој се обидоа на се, па дури и пуштија барање во Арбитражниот суд за спорт во Лозана, меѓутоа сите институции застанаа зад ФИФА и нејзиниот правилник, дека кој дебитира за сениорски тим, потоа не може да менува.

Напаѓачот на Алавес не е во плановите на Шпанија и нема настап по дуелот со нашиот национален тим.