„Играњето без публика е како циркус без кловнови, како градина без цветови...“

Натпреварот против Шведска засекогаш ќе биде во сеќавањето на Кристијано Роналдо. Португалецот стигна до јубилејната „стотка“ во репрезентативниот дрес.

Со двата гола обезбеди нова победа за својата репрезентација во Лигата на нации. По дуелот беше запрашан како е да се игра без публика, а неговиот одговор перфкетно го отсликува чувството кај секој фудбалер во денешно време.

„Кога играм на гостински терен сакам да ме свиркаат затоа што тоа ме охрабрува (да играм подобро). Но, здравјето е на прво место. Ако СЗО вели дека нема услови, тоа е она што треба да се почитува. Најважно е здравјето на луѓето. Да играте без навивачи е како да одите во циркус и да не гледате кловнови, како да одите во градина во која нема цвеќе...“, изјави најдобриот фудбалер на Португалија.

Роналдо продолжува со импресивни игри и на 35-годишна возраст. Во новата сезона ќе има можност да игра за нови титули со Јувентус и нови индивидуални награди.