Играчот со најмногу настапи во историјата го презема белградски Партизан

Уште една клупска легенда ја презема тренерската позиција во белградски Партизан. Се работи за легендарниот Саша Илиќ, кој ќе го замени на клупата Срѓан Благојевиќ. 

Илиќ веќе се договори со управата на „црно-белите“ и се очекува да потпише двегодишен договор, а официјалната промоција треба да биде одржана утре во 12:00 часот. 

Во текот на активната играчка кариера, Илиќ мина скоро 20 години во Партизан, најпрво преку младинските категории, а потоа и во првиот тим, каде во два мандата одигра над 500 официјални натпревари. 

Важи за апсолутен рекордер во клупската историја, со повеќе од 800 настапи во сите категории и конкуренции.