• Саше Љолес
Холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст официјално стави потпис на двегодишен договор со членот на Ередивизие, Твенте.
33-годишниот напаѓач доаѓа во новиот клуб како слободен играч, а претходно го носеше дресот на Емен, Хераклес, Аз Алкмар, Волфсбург, Барнли, Манчестер Јунајтед, Бешикташ, Хофенхајм и Ајакс.
Токму во редовите на „копјаниците“ одигра 58 натпревари и постигна 18 голови, а сега се очекува да биде солидно засилување и за Твенте.
За репрезентацијата на Холандија досега впиша 52 настапи, на кои придодаде четиринаесет постигнати голови. Во моментов, тој се наоѓа со „лалињата“ на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Вегхорст на мундијалската сцена остана запаметен по луцидниот гол против Аргентина на претходното првенство во Катар, а воедно влезе и во вербален дуел со Лионел Меси, со кого имаа што да си кажат во подтрибинскиот простор по завршувањето на натпреварот.



