ВИДЕО: Играч на Вест Хем облечен како „снешко“ со своето Ламборџини влета во градина

Мајкл Антонио асистираше за водство на Вест Хем против Кристал Палас, пред пресвртот и поразот од 2-1 вчера на „Селхарст Парк“. Сепак вечерта по мечот тој повторно се најде во центарот на вниманието во северен Лондон. 

Фудбалерот маскиран во „снешко“, возејќи го своето Ламборџини загубил контрола и се удрил во двор на куќа. Случајните минувачи загрижени се приближиле до автомобилот, но имале интересна глетка. Тогаш, еден од нив го снимил моментот како „снешко“ излегува од прозорецот. 

  • Видеото по судирот: 

Иако Антонио направил голема штета со автомобилот, на негова среќа минал без повреди.