• Мартин Танасковски
Фудбалерот од Гана, Рафаел Двамена, доживеа срцев удар на натпревар во Албанија и почина на 28-годишна возраст, информираа од екипата на Рогажина чиј член беше изминатата сезона. Двамена, кој беше капитен на Егнатија во чии редови настапува и македонскиот фудбалер Зејнулаи, колабира во 23. минута на натпреварот против Партизан. Веднаш беше префрлен во болница, меѓутоа лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.
И покрај сите препораки низ годините назад поради срцевите проблеми да ја заврши кариерата, Двамена не го направи тоа, а исто така поради панични напади и проблеми во спортските активности го извадил и дефибрилаторот кој како „апарат за работа срцето“ му беше вграден во 2019 година. За целиот живот, Двамена скоро пред да доживее срцев удар кој беше фатален за него говореше интервју за во албанска „Топ Чанел“ и одговараше на прашања.
Откривање на проблеми со срцето: „Бев шокиран кога дознав, играв во Цирих една година и бев многу вознемирен. Се вратив дома, ги направив сите медицински прегледи и потоа се вратив во Цирих"
Дефибрилаторот: „Најпрво ми ставија уред кој ми даде неколку струјни удари во срцето и во тие моменти морав да седнам, кога се случи тоа бев во паника, но никогаш не застанав со натпреварите.“
Семејството: „Моето семејство е во Гана и им беше тешко кога слушнаа вакви вести, беше тешко и морав често да им се јавувам за да им објаснам дека сум добро“.
Лекарите во клубовите: „Лекарите од различни клубови рекоа дека не треба повеќе да играм, но јас им кажав дека го ценам нивното мислење, ама не сакам да престанам“.
Страв: „Не се плашам затоа што Господ е со мене, кога дојдов овде имав прегледи и сè испадна добро, дури и пред да дојдам овде во Швајцарија ми беше добро. За нормалните луѓе има невозможни работи, но не и за Бог. тој е тука за мене, знам дека изгледа тешко, но тоа е животот. Секој од нас има свое патување, јас го прифаќам моето.“
Ганецот кариерата ја почна во татковината, а во 2014 година замина во европскиот фудбал. Беше дел од австриски Лиферинг, Австрија Лустенау, Цирих, шпански Леванте и Сарагоза, а во Шпанија му констатирале проблеми со срцето.
Целиот момент се случил во 2019 година. Тогаш, лекарите му препорачале итна пензија од спортот. Двамена не ги послушал, вгради дефибрилатор, па продолжи со кариерата во дански Велје и австриски Линц, каде колабираше на терен во 2021 година и една година паузираше.
Двамена се врати на фудбалот во Швајцарија каде играше за Олд Бојс, па следеше трансфер во Егнатија во јануари 2023 година. Ова беше неговата последна станица.