• Саше Љолес
Црвена Звезда доби нов шеф на стручниот штаб. Алберт Риера официјално потпиша договор со белградскиот клуб, а информацијата ја потврди и познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо.
Шпанскиот стратег веќе беше желба на Црвена Звезда во минатото, особено по успешниот период во Целје, но тогаш не дојде до договор. Наместо во Белград, Риера продолжи во Ајнтрахт Франкфурт, каде што имаше кратка и неуспешна епизода.
Сега добива нова можност и ќе го наследи Дејан Станковиќ, кој си замина по елиминацијата од Хапоел Беер Шева во квалификациите за Лигата на шампионите. Пред Риера веднаш е сериозен предизвик. Црвена Звезда ја очекува двомеч со Викторија Плзењ во плеј-офот на Лига Европа, а првиот натпревар ќе се одигра во Белград следниот четврток.
За шпанскиот тренер ова ќе биде нов почеток, но и можност повторно да покаже зошто своевремено привлече големо внимание со резултатите во Целје. Риера своевремено беше шпански репрезентативец, а македонската публика го памети по спектакуларниот погодок на пријателскиот натпревар против Шпанија во Скопје, кога токму со неговиот удар „фуријата“ го комплетираше пресвртот за конечни 2-3.
Македонија тогаш ја пречека Шпанија (актуелен европски првак) на стогодишнината од првиот фудбалски натпревар во нашата земја, а воедно беше пуштена во употреба и новата северна трибина на градскиот стадион во Скопје.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

