Играчите застанале зад Лопетеги: Проголтајте ја честа, оставете нѐ да играме!

Фудбалерите на Шпанија силно се бунтувале на отказот на Јулен Лопетеги и барале тој да остане селектор на Мундијалот во Русија. Стратегот поради тајни преговори со Реал Мадрид доби отказ, на вонредна прес-конференција водена од првиот човек на шпанскиот фудбал, Рубиалес.

Првично, прес-конференцијата беше закажана од 10.30, но се помести од 11.30. Од Шпанија велат дека причина за тоа е бунт на фудбалерите, кои предводени од Серхио Рамос побарале Лопетеги да остане.

„Ова не е клуб, туку репрезентација и тренерот не смее да се менува на два дена пред Светското првенство. Дојдовме овде по титула. Не боли веста дека Лопетеги ќе си замине, а ако тебе тоа те навреди, проголтај ја честа и остави не да играме“, му рекол Рамос на претседателот Рубиалес.

Лопетеги ја водеше Шпанија од 2016 година, а доби отказ две години порано од предвиденото, затоа што имаше валиден договор до 2022 година.